Поради изведување теренски истражни работи денеска од 9 до 13 часот ќе биде во прекин сообраќајот на мостот на река Којнарка во Долно Којнаре, соопшти Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).
Сообраќајот на сите државни патишта се одвива по претежно суви коловози.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево, Виница – Берово каде е можна почеста појава на одрони.