Хепенинг за одбележување на 1 Јуни – Ден на згрижувачи

Од:

По повод одбележувањето на 1 Јуни, Денот на згрижувачи, денеска во Скопје ќе се одржи голем хепенинг и дружење со децата со посебни потреби и децата сместени во згрижувачки семејства и волонтерите на Црвен крст на град Скопје.

Хепенингот под мото „За повеќе детски насмевки“ ќе се реализира во ботаничката градина во склоп на ЗОО градина Скопје. Планирано е да настапи бенд во живо, кој ќе се погрижи за забавниот дел, а за децата ќе бидат осмислени тематски работилници, како и игри за забава и дружење со волонтерите. Ќе следува прошетка во ЗОО градина и едукација за животните од страна на одговорните лица во ЗОО градина.

Настанот традиционално го организира Црвениот крст на град Скопје, во соработка со Меѓуопштинскиот центар за социјални работи – Скопје при Министерството за труд и социјална политика и е дел од агендата на годишната програма за социјализација на деца и млади со посебни потреби и децата сместени во згрижувачки семејства.

Цел на програмата е подобрени услови за живот на децата без родителска грижа сместени во згрижувачки семејства, како и социјализација и дружење.

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза