Нетанјаху: Посветен сун на формирање палестинска држава

Од:

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека е посветен на воспоставување на палестинска држава и апелираше до палестинските власти да се вратат на преговорите.

– Останувам посветен на идејата дека единствен начин на кој можеме да постигнеме долготраен мир е концептот две држави за два народа – демилитаризирана палестинска држава која ја признава еврејската држава Израел, истакна Нетанјаху по средбата со шефот на германската дипломатија Франк-Валтер Штајнмајер.

Израелскиот премиер наведе дека со германскиот министер за надворешни работи разговарале за „заедничката цел остварување на напредок и мир со Палестинците“.

– Мислам дека единствен начин да го оствариме овој напредок се директните преговори. За жал, палестинската власт се откажа од овие преговори, потенцира Нетанјаху.

Во март за време на изборната кампања Нетанјаху предизвика загриженост кај меѓународната заедница, кога исклуичи формирање на палестинска држава, но подоцна ги повлече коментарите.

Би можело да ве интересира

Израелската влада е разочарана од одлуката на Америка да ја прекине испораката на муниција

Брнс се врати во Каиро за да преговара за прекин на огнот во Појасот Газа

Бајден: САД ќе престанат да му доставуваат оружје на Израел

Америка ја прекина испораката на бомби во Израел

ВИДЕО: Израел презеде контрола над преминот Рафа

ОН наскоро ќе гласаат за можноста за меѓународно признавање на Палестина

Катерина Ѓуровски