Иса Мустафа резибран за лидер на ДСК

Од:

Старо нов лидер на Демократскиот сојуз на Косово е Иса Мустафа. Тој, со јавно гласање денеска е реаизбран на осмото изборно собрание на партијата.

Само двајца делегати гласале против реизборот на Мустафа, не вклучувајќи ги оние, кои пред гласањето ја напуптиле салата, поради непочитување на Статутот, кој предвидува тајно, а не јавно гласање.

Мустафа, кој е и актуелн косовски премиер на чело на партијата останува до 2019 година.

– Конгресот, беше придуржуван со низа случки кои потврдуваат дека единството во партијата е нешто што тешко може да се постигне. Десетте делегати од дијапсората, со одлука на Претседателството на партијата биле исклучени од работата на конгресот, бидејќи изборот во двата разгранока, во Швајцарија и во Германија, не биле одржани во согласност со партискиот статусот, објавија косовските медиуми, додавјаќи дека тоа го предизвикало првото незадовлство во редовите на партијата.

Во обраќањето на Мустафа на почетокот на собранието тој повикал на единство и искажал убедување дека партијата ќе биде силна како никогаш до сега.

Почесниот претседател на партијата Фатмир Сејдиу побарал од делегатите, Собранието да ја отфрли одлуката на Претседатеството и да дозволи делегатите од дијаспората да учествуваат во неговата работа, но неговото барање на било прифатено.

– Не беш прифатен и предлогот за измени на член 16 од партискиот статут, кој предвидува доколку има втор кандидат неговата кандидатура да биде потврдена од сите делегати. Тоа значи дека не дозволува во трката за лидер на партијата да има двајца кандидати. Токму тоа се случи и со кандидатурата на Вјоса Османи, на која не и беше дозволено да биде противкандидат на актуелниот лидер, Мустафа, пишува „Експрес“.

Собранието ја заврши работата со изборот на членовите на Советот на партијата.

Би можело да ве интересира

Кастрати: Целосен дебакл на Курти

Вучиќ: Во Брисел знаат која страна го кочи напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина

(ВИДЕО) Шпанците уапсија нарко-бос од Косово, во рацијата уапсени се 10 лица

Горан Наумовски

Србија повторно ќе испрати барање за враќање на 1.000 српски војници и полицајци на Косово

Предраг Петровиќ

Вучиќ утре ќе се изјасни, на маса и опцијата за прогласување окупација на дел од територијата на Србија

Предраг Петровиќ

Четворица млади Срби на рочиште во северниот дел на Косовска Митровица