Околу 3.000 демонстранти излегоаа на улиците на Каракас барајќи ослободување од затвопр на дисидентите, кои се противници на Владата на претседателот Николас Мадуро.
На протест повика опозицискиот лидер Лоеполдо Лопес, кој исто така е во затвор.
Лопес (44) е во воениот затвор Рамо верде во близина на Каракас од февруари 2014 година под обвинение за поттикнување на насилство при што загинаа 43, а беа повредени стотици учесници на минатогодишните масовни демонстрации против Владата на Мадуро.