„Белгија наскоро ќе биде конфедерација“

Од:

Лидерот на националистичката фламанска партија „Нова Фламанска Алијанса“, која победи на локалните избори во Антверпен, Барт Де Вевер порача дека Белгија наскоро ќе стане конфедерација.

– Минавме низ историска пресвртница, изјави на постизборниот митинг лидерот на Н-ВА, откако неговата партија убедливо ги порази владејачките социјалисти на локалните избори во вториот по големина град во земјата.

Де Вевер му порача на белгискиот премиер Елио Ди Рупо да се подготви за конфедерација на кралството.

– Фландрија повеќе нема да плаќа сојузни даноци кои Фламанците не ги поддржуваат, изјави Де Вевер, кој отворено се залага за отцепување на Фландрија од франкофонскиот дел на Белгија.

Победата на Де Вевер во економски најпросперитетниот град во Белгија претставува голем пораз за Ди Рупо, франкофонскиот социјалист кој минатата година со тешки маки успеа да состави лево-центристичка влада.

Белгискиот премиер Елио Ди Рупо нема да преговара со фламанските националисти за конфедерација на државата.

– Го поздравува успехот на Н-ВА, но категорично ја исклучувам можноста за какви било преговори за државна реформа. Сакам да напомнам дека денеска се одржа локални, а не федерални избори кои се закажани за 2014 година, истакна Ди Рупо.

Би можело да ве интересира

Исчезна Белгиец кој планирал планинарење во реонот на Охрид, Струга и Дебар

Катерина Ѓуровски

Седум лица се уапсени во Белгија поради планирање терористички напад

Вооружен напад во Брисел: Има мртви и ранети

Со солзи, белгискиот премиер Де Кро најави оставка по поразот на европските избори

A1on

Белгија ќе го покрене прашањето за санкции против Израел во ЕУ

Белгија протера руски дипломати

Горан Наумовски