Бушати: Албанија и Грција може да ги решат проблемите само со дијалог

Од:

Албанија и Грција може да ги решат проблемите само преку преговори и дијалог, а не со декларации. Тоа го соопшти албанскиот министер за надворешни работи Дитмир Бушати кој додава дека комуникацијата со актуелната влада во Атина е намалена во споредба со претходниот кабинет.

Во врска со прашањето за морските граници, кои постојано ги заоструваат односите меѓу Албанија и Грција, Бупати вели дека „се отворени сите можности“.

Според него, решение на проблемот е да почнат преговори меѓу двете држави и основа за тоа е меѓународното право.

– Можам да кажам дека надворешната политика на Албанија е контруктивна и динамична, како и балансирана, додаде Бушати одговарајќи на критики на Атина дека МНР на Албанија води „аматерска дипломатија“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Опозицијата запали собраниски столици пред албанскиот парламент

Силен земјотрес во Грција

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1

„Еурактив“: Албанија на 15 октомври ги отвора преговорите со ЕУ по поглавја