Акција за чистење на дното на Охридското Езеро од цврст отпад

Од:

Нуркачите од Клубот за подводни активности од Охрид денеска ја започнаа акцијата за чистење на дното на Охридското Езеро од цврст отпад.

Околу 15 нуркачи во четири етапи ќе го чистат дното на езерото во крајбрежниот појас на потегот од Градското пристаниште до црквата Свети Јован Канео.

– Не можеме да го извадиме сиот цврст отпад од дното на езерото, оттаму ќе делуваме на свеста на граѓаните да не фрлаат отпад во Охридското Езеро, изјави Милутин Секуловски – Миќо, професионален нуркач – меѓународен инструктор.

Тој истакна дека сите досегашни кампањи за одржување на чистотата на езерото вродуваат со плод, односно секоја година се помалку отпад има во езерото.

– Она што би сакал да го истакнам е фактот што најголем виновник за загадувањето на езерото со цврст отпад се реките од сливот на Охридското Езеро. Сета пластика во езерото доаѓа токму од тие сливови, така што потребни се активности во насока на поставување зафати, мрежи, брани, што ќе спречат влез на отпадот во езерото, истакна Секуловски.

Активностите за чистење на дното на Охридското Езеро од цврст отпад се реализираат веќе десетина години наназад. Оваа година акцијата се реализира со финансиска поддршка на охридската локална самоуправа.

Би можело да ве интересира

Претреси во Охрид поради лихварство и изнуда, уапсено е само едно лице

Тешко повредена малолетничка во сообраќајка во Охрид

Орбан пристигнува во дводневна официјална посета на земјава-посебен сообраќаен режим во Охрид

Горан Наумовски

Безбедносни мерки и посебен сообраќаен режим во Охрид поради посетата на Орбан

Пожар во угостителски објект во центарот на Охрид

Катерина Ѓуровски

Две момчиња се тешко повредени во сообраќајка во Охрид