(ВИДЕО) Манчевски: Државното земјиште не се дава на Центар поради Шпанските скали

Од:

Која е причината што долго време државата не го дава државното земјиште на општина Центар. Тоа е поради Шпанските скали, како и за двата хотели на скопскиот плоштад, рече потпретеседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски.

Тој објави разговор за кој посочи дека е помеѓу Миле Јанакиески и Никола Груевски како се договараат да ја уценуваат новата власт во општина Центар, доколку ги блокира проектите кои планирале да ги градат.

Тој ќе побара земјиштето да му го дадеме, ние треба да го држиме до максимум.

-Нее, ќе го држам до максимум. Само да видиме таму кој има положено мислам Александар или некој има положено, да видам колку души имаат положено и да си ги вратат лиценците и да нема, па на полагање да го зафркаваме, така некако…

8. Разговор помеѓу Миле Јанакиески и Никола Груевски

НГ: Да те прашам, со ова сега што ни остана, скалите на плоштад…
МЈ: Добро
НГ: Има две опции, една е да го пуштиме сега со ниската висина со старата висина, старата верзија, да го купи некој па после да бара да се зголеми, ако тоа е можно, втората е да чекаме да видиме овој Андреј како ќе реагира, ако биде он а ќе биде изглеа, ааа… дали ќе ни дозволи зголемување. Што мислиш која да ја тераме?
МЈ: Да видиме со Советот што ќе се случува ако не за првата варијанта сум јас, во делата ќе стаиме дека ен смее намена да менува…
НГ: Аха…
МЈ: …и нема да
НГ: А, висина смее?
МЈ: Дека немаа.. и дека ние ќе го одобруваме проектот и после ова со Бети шо го праи ние ќе и даваме одобрение и така ќе го тераме…
НГ: А коа ќе го напраиме тоа со Бети?
МЈ: Вејче и кажав јас на Бети
НГ: Вејче и кажа…
МЈ: Рече дека ќе ги запне максимум работите…
НГ: Ако не и прекажеш на Бети нема да напраи
МЈ: Не, не ќе запнам за ова
НГ: Треба да ја запнеш убаво да
МЈ: Важи
НГ: Не ми се испушта тој проект, многу јака работа е
МЈ: Видете нема да не закочи, ќе напраиме се, кај нас е власта не можи да не закочи, можеби малку ќе не успори ама нема да не закочи. Ќе мислиме, ќе смислиме, не е…
НГ: Он сеа прво шо ќе напраи ќе побара да му го даеме земјиштето, да го про…ја мислам да го држиме максимално колку што можеме…
МЈ: Нее, ќе го држам до максимум. Само да видиме таму кој има положено мислам Александар или некој има положено, да видам колку души имаат положено и да си ги вратат лиценците и да нема, па на полагање да го зафркаваме, така некако…
НГ: Кога ќе има полагање пак?
МЈ: Ко ќе организираме ние. Ќе организираме во година, во март
НГ: Во година во март, а? Ама ако земи он од некоја друга општина? Со положени? Од Охрид од ваму од таму?
МЈ: Е па немаа…
НГ: Од Карпош сеа ќе брка Стевчо над 100 луѓе се збори. Сите ќе прешле кај овој…
МЈ: Па нема да му дадам согласност за вработуење…Не знам сеа…
НГ: Не треба да му даваме, не, не на општина не се дава согласност
МЈ: Е да не се дава. Ние ќе го стопираме тој…
НГ: Размисли, во понеделник да ми кажеш дали сеа ние да го пуштиме тоа да се продава, да си го купи некој и после да бара зголемување. Смее ли после он да рече барам да ми го качите уште 5 метра, 10 метра…
МЈ: Да ама мора тоа со ДУП да се напраи а со ДУП пак оди…
НГ: Смее да бара и смее ли после откако е продадено ДУП-от да му го дадат овие. Проблем ли е тоа после?
МЈ: Ние забранивме да не се менува намената а за спрат не е проблем

Би можело да ве интересира

Поради дојава за бомба, полицијата го евакуира „Сава центарот“

Бомба тешка 250 килограми е пронајдена кај Нова Градишка

Експлозија во судница во Калифорнија, двајца повредени

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски

Експлозија на лет од Крит: Патниците извикуваа „бомба, бомба, бегајте“

Дојава за поставена бомба во катедрала во Кошице