Потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски објави разговор за кој посочи дека е помеѓу Никола Груевски и Миле Јанакиеским, а во кој како што рече се признава дека многу државни институции се на диво вселени во новите објекти.
Злосторничкото здружение на Груевски нема проблем, зашто како што велат, никој ништо не им може, речеМанчевски.
Во разговорот се слуша дека нема употребна дозвола за дел од објектите, како и тоа дека освен Музејот на ВМРО, на диво работела и пола државна администрација.
1.Разговор помеѓу Миле Јанакиески и Никола Груевски
НГ: Ало.
МЈ: Молам.
НГ: Миле.
МЈ: Да.
НГ: Збориме за ова зградата на МНР, дали може некако некоја условна, времена, слично нешто, дозвола употребна да се даде? Ако е за паркингот просторот да се оди на тоа дека има Холидеј Ин паркинг голем тука. За вие после да се вселите во старата зграда.
МЈ: Да проверам, ама не знам дали има такви услови во планот.
НГ: Еве Холидеј Ин рачунајте го. И нешто привремена, ваква, онаква, смислете нешто.
МЈ: Нема таква во законот.
НГ: А?
МЈ: Или даваш или не даваш употребна дозвола.
НГ: Е па тогаш да дадеш на база на Холидеј Ин паркингот, тој е огромен паркинг.
МЈ: Да, ама тоа треба во ДУП-от да се повика, па да направат измена во одобрението за градење, па после да му дадам употребна. Оти употребна се дава…
НГ: Што треба во ДУП-от да се направи?
МЈ: Па да се повика дека таму ќе се паркираат
НГ: Сега у ноември ќе го поминуваме пак ДУП-от, ќе се…у ноември ќе се повика.
МЈ: Така!? Да се повика дека може да реши паркирање во Мал ринг…
НГ: Да. Ама сега до ноември треба да чекаме 3 месеци.
МЈ: Оти сега планот, еве јас…
НГ: Ти најде ли просторија да се селиш?
МЈ: Да. Начелно да. Во петок ќе одам, во Сивиус кај што се сега, таму му се најефтини, има простор…тоа е кај…
НГ: Колку пари?
МЈ: Па ми рече дека 10 евра ќе ми го даде. Вика да пресметам колку ќе ме чини, оти не му е направено него, дури трае конкурсот тој би го правел долу. Значи би ставал кошулица, такви работи…
НГ: И кога би се преселил ти?
МЈ: Па јас размислував некаде средина на октомври, така нешто, крајот на октомври да бидам преселен.
НГ: Средина на октомври…па и ова е ноември. Ноември ќе биде ова? Декември. Не во ноември, декември. А на диво да се селат овие, МНР?
МЈ: Па нека се вселат, што.
НГ: Вие ќе им направите нешто?
МЈ: Еее, Музејот на ВМРО работеше на диво.
НГ: Музејот на ВМРО на диво си работеше?
МЈ: Па не знам дали сега има употребна, ама работеше…Претседателе пола државна администрација не му се упишани објектите во Катастар…
НГ: Е па диво нека се вселат, а?
МЈ: Кој може да ги запре?
НГ: Ај ќе зборам со Никола, ај. А што може да бидат вака последици, ако се вселат на диво?
МЈ: Не дај Боже, нешто ако се случи, не знам, пожар…
НГ: Некој ако се сопне, скрши нога доле и…
МЈ: Не, не. Пожар, да падне зградата…
НГ: Пожар, а?
МЈ: Такви нешто…Па зошто се вселиле…
НГ: Или да падне зградата вика…Може да падне зградата? Трајче се смее, вика нема да падне.
МЈ: Не можи ништо да се случи. Не може да го запише во Имотен лист, тоа е вака проблем што…
НГ: Ај со Никола ќе зборам, ајде.