ВИДЕО: „Ако кажеме колку потрошивме, ќе губиме“

Од:

СДСМ објави снимка за која посочи дека разговор помеѓу Никола Груевски и Силвана Бонева.

– Груевски на Бонева и кажува дека министерката Елизабета Канчевска Милевска не треба да се појавува на седницата за пратенички парашања за да не одговара за раскошот и луксузот. Според Груевски, ако кажеле колку пари потрошиле за проектот Скопје 2014 , ќе губеле, рече Манчевски.

Во разговорт Груевски советува да се каже дека сите институции биле под кирија со години, а вака со новите се избегнуваат давачки.

12. Разговор помеѓу Силвана Бонева и Никола Груевски

НГ: Силвана?
СБ: Повели претседателе.
НГ: Сега сте и рекле на Бети да доаѓа у Собрание
СБ: Само момент. Само момент, не се слуша тука премногу силно, да излезам, само момент. Да
НГ: Сте и рекле на Бети утре да доаѓа на седница, во Собрание. За Скопје 2014.
СБ: Не јас кажах да размисли убаво дали да дојде
НГ: Мое мислење е не, затоа што целата дискусија ќе биде прашања до неа колку кошта. Ако она каже колку кошта ние ќе губиме.
СБ: Ок.
НГ: Ако па не кажува колку кошта и да го заобиколува пак ќе губиме, ме разбираш, е, нејќе да каже, те прашавме, кажи колку кошта, и колку и да каже само тоа ќе биде дебатата. Јас мислам ради тоа да не доаѓа она.
СБ: Ок претседателе.
НГ: А вака не може вас да ве прашуваат колку кошта.
СБ: Ве разбирам.
НГ: Види тоа владата, општината, не знам кои, они си знаат.
СБ: Да де.
НГ: И ќе се сведе повеќе, мислам пак ќе зборат они за парите, тоа неизбежно е, ама нема до толку да се сведе за пари ќе се сведе малку и на други, истории, естетики и на нешто друго. Ако дојде Бети ќе се сведе само на пари.
СБ: Ве разбирам, затоа сега јас на Трајко му кажах
НГ: Она може да дојде на подготвителна ако ви треба, сега, во 6 саат.
СБ: Не, на координација ни требат сериозни материјали, иначе на неа и кажах дека ќе одат на ревизорските извештаи и ми кажа Тања
НГ: Викнете си го на координација и Славе и Марјанчо, што ви беше пратеник едно време, сега во општина Центар е он.
СБ: Кој Марјанчо?
НГ: Од Аеродром, Марјан
СБ: Ааа он шо беше секретар, скоро шо излезе, Марјанчо од Центар.
НГ: Од Аеродром, не од Центар.
СБ: Од Аеродром.
НГ: Ај ќе ви ги пратам јас, у колку саат да дојдат?
СБ: Па 6 беше закажан, ама може 6 и 15 да не фате, тука некаде е седницата.
НГ: Ако ги најдам ќе ви ги пратам, Бети ќе дојде, ама само на координација, утре на седница не.
СБ: ОК, ОК, јас баш со Трајко правих муабет шо е најпаметно и да слушнеме тука од неа на координацијата и да договореме после и со вас за да знаеме како да настапеме, оти е многу сериозно, јас и кажа
НГ: Ништо, вие треба да го сведете, на друга, појше да терате дискусија на друга тема отколку на финансии. А и кога е на финансии да кажете, за сите згради се плаќа ќирија, сега нема да се плаќа ќирија.
СБ: Не, тоа е јасно
НГ: Да де да, ги знаеме одговориме, сме ги кажувале, едно те исто сме збореле, пак ќе го збориме. Тоа е
СБ: Ок претседателе само да ни дадете
НГ: Градежен проект, вработување за време на криза, тоа се тезите.
СБ: Работата е ако извадат документи, тоа и на Бети и кажах, ревизорскио извештај, Тања ми кажа дека сметководствената евиденција не им била добра и дека имало нешто помеѓу Васе Доневски и нивната служба. За тие работи да ни даде одговор оти они директни работи ќе читаат.
НГ: Ако можам и Васе Доневски ќе ви го пратам.

Би можело да ве интересира

Поради дојава за бомба, полицијата го евакуира „Сава центарот“

Бомба тешка 250 килограми е пронајдена кај Нова Градишка

Експлозија во судница во Калифорнија, двајца повредени

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски

Експлозија на лет од Крит: Патниците извикуваа „бомба, бомба, бегајте“

Дојава за поставена бомба во катедрала во Кошице