ВИДЕО: „Да изградиме Дизниленд во Скопје“

Од:

Мартин Протугер му предложил на Миле Јанакиески да се направи Дизниленд во Скопје, рече потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски.

– Наместо Аква Парк, Мартин Протугер предлага да се изгради Дизниленд во Скопје. Никола Груевски пак бира каква административна зграда треба да има општина Центар. Ќе видите дека Јанакиески испланирал 15 катна барокна зграда, што изгледа грдо и за Груевски кој му држи лекција каков стил е барокот.

– Има милијарда врсти на барок. Пушти ми го идејното решение и прати ми фотографии да видам. А таа од 15 ката зграда ќе ја гради 15 ката? Каков барок ќе биде од 15 ката, не постои таков барок.

6. Разговор помеѓу Миле Јанакиески и Мартин Протуѓер

МП: Миле.
МЈ: М?
МП: А бе зошто Аква парк да правиме? Нели Пеце прави?
МЈ: Нема да го прави Мартин. Тој ќе го прави во фази, не знам што ќе прај таму.
МП: Што ќе прави Пеце?
МЈ: Па не знам, во фази сакал да го прави, не знам. Ивица ги знае деталите, оти кај него треба да добие одобрение за градење.
МП: Миле ништо не те разбрав, извини, стварно не те разбирам.
МЈ: Ивица ги знае деталите, оти кај него има поднесено барање за одобрение за градење. Ама не знам како ќе изгледа неговиот Аква парк. Можеме да го видиме проектот, кај Ивица е.
МП: Побарај му го проектот. Ако е доволен тој, ние да направиме Дизниленд таму бе. Разбираш? Подобро Дизниленд да направиме. Нема Скопје…има…ти оди…ќе видиш Михаил ќе ти потпорасне, здравје Боже, ќе треба да го носиш во Луна парк, нема кај да го однесеш. Или главен град сме, немаме Луна парк.
МЈ: Ама Мартин, нели Луна парк Коце ќе прави ваму?
МП: Кај ќе прави Луна парк Коце?
МЈ: Па тој ќе прави Луна парк кај што е сега постоечкиот, ќе го зголемува. Планот помина кај мене, јас дадов согласност.
МП: Аха. Веќе помина, се зголемува постоечкиот…
МЈ: И зголемен е накај паркот, и Коце ќе прави Луна парк таму, договаравме и колку Владата ќе инвестира, колку Коце…
МП: Ааа, више договорено е колку ќе инвестира Владата…добро.
МЈ: Знаеш кај е сега Луна паркот, таму. Само со проширување.
МП: Таму со проширување према паркот. Добро.

7. Разговор помеѓу Миле Јанакиески и Никола Груевски

НГ: Ало
МЈ: Да
НГ: Миле?
МЈ: Ало, да
НГ: Абе гледам на порталите оваа зградата во општина Центар 15 ката сме ја направиле
МЈ: Не не, тоа се, не не претседателете, тоа се максимални параметри, нема да биди 15 ката
НГ: Колку ќе биде?
МЈ: Мислам дека е три или четири, 5 илјади метри квадратни е три или четири максимум, можам да проверам
НГ: Зошто сме ја стајле 15 ката?
МЈ: Не, тоа се максимални параметри, тогаш го остававме повеќе за да, бидејќи беше компатибилни намени, за да може да извади повеќе деловен простор, за да биде поатрактивна. Оти сега
НГ: Не разбирам.
МЈ: Сега целокупниот простор е општинска зграда. И нели им рековме дел да биде општинска зграда а дел да биде комерцијален дел.
НГ: Еве Владо ми потврди дека 15 ката е направена зградата. И му викам ќе искористи ли, теоретски може да се искористи.
МЈ: Теоретски може, точно. Значи неговиот дел. А општинската зграда е три или четири ката.
НГ: Не општинската, за таа те прашувам јас. Што е 15 ката. Како ќе ја направи барок, барок стил, а 15 ката
МЈ: Не, има проект, можам да прашам колку, колку
НГ: И фасадата барок ли ќе биде?
МЈ: Барок барок
НГ: Вие му ја дадовте каква да биде?
МЈ: Не, значи мора тој да го достави проектот на одобрување.
НГ: Па ќе ни се качи на глава некој шугав барок да ни достави. Зашто не му стаивте каков барок треба да биде?
МЈ: Па немаме такво…
НГ: Како нема, има цртеж кај Владо Тодоровиќ
МЈ: Сега да проверам, јас немам, да проверам
НГ: Во самата тендерска документација да биде фасадата. Каква да биде, фотографија да има. Како вие така ја пуштате, барок. И он сега има милјарда врсти на барок што ќе ги направи и ќе ја земе најефтината Владо. И на глава ќе ни се качи.
МЈ: Не, вака претседателе, идејното решение, идејното решение, сега не знам дали во идејното решение фасадата дали е ставена, во идејното решение за проектот, значи има идејно решение, тој мора да изведува по него. Затоа ви реков да проверам. Идејното решение беше дел од…
НГ: Ај пушти ми го прво идејното, дали е прво дел од тендерската, и дали
МЈ: Дел од теднерската е, идејното је, само да проверам дали е фасадата
НГ: И прати ми фотографии од идејното да видам што е.
МЈ: Ќе би го пратам цело идејно
НГ: Како?
МЈ: Цело идејно ќе ви го пратам, сега ќе им кажам
НГ: Како сакаш, дали целото дали фотографии, се исто ми е. Ииии, а таа што му е 15 ката зграда, ќе ја гради 15 ката?
МЈ: Да проверам со него. Го достави некна аут, точно имаше предвидено колку е, мислам аут е разработка на целиот план, и тоа го спрема, да проверам
НГ: Провери па кажи ми, и уште една работа, ако е 15 ката, како барок ќе биде? Не постои барок од 15 ката.

Би можело да ве интересира

Крвава забава во Книн – рачна бомба експлодираше во стан, 25-годишник загина

А1он

Тревога во пет авиони на „Делта ерлајнс“: „Никој нема да преживее“

Горан Наумовски

Поради дојава за бомба, полицијата го евакуира „Сава центарот“

Бомба тешка 250 килограми е пронајдена кај Нова Градишка

Експлозија во судница во Калифорнија, двајца повредени

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски