Новиот претседател на Нигерија, Махамаду Бухари во својот инагурациски говор вети дека ќе ја интензивира борбата против исламистичката група Боко харам.
Бухари, кој е избран на 28 март, истакна дека наследил „огромни проблеми“, вклучително и тешката економска криза и немирите ширум земјата.
– Со тие проблеми ќе се соочиме одлучно и директно. Нигериците нема да зажалат што ни ја доверија одговорноста, посочи Бухари на церемонијата во Абуџа пред своите призврзаници, државни претставници и шефови на други африкански држави.
Тој бунтовниците од Боко харам ги нарече „безумна, безбожна група, која е делеку од исламот“. Бухари посочи дека во градот Мајдугури, престолнина на сојузната држава Борно и упориште на Боко харам, ќе формира нов воено-команден центар.
– Победата не може да се извојува од командниот центар во Абуџа, посочи Бахури додавајќи оти ќе направи се што е во негова моќ за ослободување на илјадниците лица киднапирани од Боко харам.