Солистички настап на Славица Галиќ-Петровска во Софија

Од:

Оперската певица Славица Галиќ-Петровска вечер во Софија ќе има солистички концерт во придружба на пијанистот Андреј Наунов, во рамки на 11. Фестивал на уметностите „Борис Христов“ во истоимениот музеј.

Фестивалот се одржува од 18 мај до 13 јули, а  гостувањето на Галиќ-Петровска го организира Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија и е дел од одбележувањето на неговиот 10-годишен јубилеј.

На програмата на рециталот се композиции од македонските автори Томислав Зографски, Властимир Николовски, Ристо Аврамовски, Трајко Прокопиев, од бугарскиот композитор Хаджиев, како и од светски автори Рахманинов, Форе, Римски-Корсаков, Пучини, Гуно…

– Настапував многу пати во повеќе градови низ Бугарија, но вечерашниов концерт ми е многу драг бидејќи се одржува во куќата-музеј на Борис Христов – бас од светски ранг, кого јас многу го почитувам.  На концертот ќе се претставам со дела од кои 90 отсто се избрани токму за оваа вечер. Програмата е разновидна и тешка, треба и кондиција за да се интерпретира зашто се од современи композитори до класичари,  изјави македонската сопранистка во пресрет на вечерашниот настап.

По повод 10 години постоење на македонскиот КИЦ во Софија вчера беше отворена репрезентативна изложба на примероци од накит – од неолитот до османлискиот период, кои се откриени на археолошките локалитети во Македонија.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Италијанското оперско пеење доби статус на културно наследство на УНЕСКО

Предраг Петровиќ

Оперската претстава „Турандот“ од Џакомо Пучини во Национална опера и балет

Предраг Петровиќ

Успешен настап на Националната опера и балет во Народниот театар во Белград со „Севилскиот берберин“

Ана Ололовска

Традиционален Гала оперски концерт по повод празникот „Василица“ 2023

Ана Ололовска

„Палјачи“ од Руџеро Леонкавало во Национална опера и балет

Во Националната опера и балет ќе се изведе операта „Кавалерија рустикана“ од Пјетро Маскањи

Горан Наумовски