Синдикат на македонска дипломатска служба: Караѓозоска ја прекрши Виенската конвенција

Од:

Синдикатот на Македонската дипломатска служба смета дека македонската амбасадорка во Хрватска, Даниела Караѓозоска ја прекршила Виенската дипломатска конвенција.

Откако синдикатот бил известен дека амбасадорката Караѓозоска, на својот фејсбук профил, а каде што е дефинирано нејзиното својство, истапила со огромно жалење за оставката на Гордана Јанкуловска, и констатирал дека тоа е точно, смета дека таа го прекршила член 3/1-а од Виенската конвенција.

Од синдикатот велат Караѓозоска да пратела и-мејл или друг затворен облик на комуникација до нејзината другарка и партиска соборка и да го кажела истото, тогаш би се работело за приватна работа.

– Ама, истапување во јавност – е рамно на кажување СТАВ НА ДРЖАВАТА!??? Тоа, автоматски значи дека сите ние (не само таа) се идентификуваме со особа за која имаме многу јасни индикации за: прекршување човекови права, злоупотреба на службена дејност, сторени (тешки) кривични дела …, се вели во соопштението на Синдикатот.

Синдикатот од министерот за надворешни работи, Никола Попоски, побарале јавно да се огради од настапот на амбасадорката, нејзе да ја повика на консултации во Македонија, а во зависност од тоа и да се размисли за нејзино отповикување.

– Меѓутоа, од една страна не добивме одговор ниту пак видовме дека министерот Попоски нешто презел. На друга страна, како што можеше да се претпостави, однесувањето на нашата амбасадорка во Хрватска – ескалираше. Покрај другото, таа дури решила да демантира дека луѓето што излегле да протестираат пред нашата Амбасада во Загреб се „… Македонци во Хрватска…”, па дури и да побара тоа и медиумот каде била објавена веста – самиот да го демантира. Меѓутоа, од објавените фотографии е видливо дека се работи за Македонци кои и’ се познати на нашата Дипломатска служба по име и презиме, со авторитет и дигнитет…и, тоа не е се! Таа ја изложила и цела Македонија и нашата Дипломатска служба на ПОТСМЕВ. Имено, медиумот решил да го објави актот во целост. Од тоа, можеме, на наше згрозување, да констатираме дека амбасадорката упатила „нота” до медиум, а себе си си се титулира со „Н.Е.” или Нејзината екселенција. Ниту е тоа нота, ниту „Н.Е.” е етикеција што се употребува за самиот себе, се вели во соопштението на Синдикатот за дипломатска служба.

Од овие причини, синдикатот се оградува не само од Караѓозоска туку и од пасивноста на министерот Попоски, а изразува надеж дека други субјекти во Македонија ќе реагираат на однесувањето и поставувањето, и како што велат, гафовите на Караѓозоска.

Вчера и Хрватската иницијатива за поддршка на протестите во Македонија соопшти дека амбасадорката често истапувала со “гафови, рушење на честа и угледот на дипломатското претставништво, негово претворање во хрватска филијала на владеачката ВМРО-ДПМНЕ, како и манипулирање со локалните здруженија на македонското национално малцинство во партиски цели“.

Тие, на обвинението на Амбасадата на Македонија во Хрватска за тоа кој ги организирал протестите во Хрватска, одговорија дека иницијатори и организатори на загрепскиот протест биле слободоумни хрватски граѓани, припадници на македонското малцинство со поддршка од хрватски граѓани, здруженија и движења.

Би можело да ве интересира

Засега нема македонски државјани што побарале помош или евакуација од Либан

Бугарското МНР за знамињата на средбата меѓу Сиљановска Давкова и Радев: Посетата не беше официјална

На бугарскиот амбасадор Желјаско Радов му била укажано за отстапувањето од договорениот протокол

Предраг Петровиќ

Демаршот на бугарскиот амбасадор ќе биде врачен од директорот на Директоратот одговорен за регионот, а не од министерот Муцунски

Македонската амбасадорка во Софија повикана во бугарското МНР поради изјавите на вицепремиерот Николоски

МНР: Коридорот 8 е од стратешко значење, но важна е и подготвеност за соработка на Бугарија