Бегалците во Хрватска – каде и како?

Од:

Радио Слободна Европа – Прага

Според предлогот на Европската комисија за решавање на бегалската криза на Медитеранот и Хрватска треба да прими неколку стотици бегалци. Иако одлуката за ниво расподелување ќе биде донесена идниот месец, во Хрватска се уште до крај не е јасно каде и како би можеле да бидат сместени.

По очекуваниот отпор во дел од земјите-членки на Европската унија, одлуката за спроведување на Европската миграциона програма, според која бегалците од Медитеранот би се распределиле по државите-членки е одложена за јуни. Според проекцијата на Европската комисија, Хрватска треба да прифати 1,73 отсто лица на кои им е потребна меѓународна заштита и кои веќе се наоѓаат на територијата на ЕУ и 315 лица или 1,58 отсто од вкупно 20.000 бегалци кои сега се надвор од земјите на ЕУ.

Хрватската министерка за надворешни и европски работи Весна Пусиќ, по состанокот во февруари за надворешни работи на ЕУ изјави дека нема некои промени во бројките за Хрватска и дека треба од двете страни да се пријде кон решавање на бегалската криза на Медитеранот.

– Од една страна, да се комбинира поделбата на товарот и од друга страна обид проблемите да се решаваат на место на нивното настанување – тоа веројатно е насоката по која треба да се оди. По посетата на Ирак можам да кажам дека секаде каде што постои до некаде власт која функционира можно е со таа власт да има соработка на решавањето на проблемот на територијата на самата земја, пред да се одлучат луѓето да појдат на пловење по Медитеранот, истакна Пусиќ.

Кога одлуката за прифаќање на бегалците ќе биде донесена во Хрватска, Јулија Крањезиќ од Центарот за мировни студии вели дека сите проблеми кои ќе се појават во реализација на таа задача, најлесно ќе бидат решени заедно.

– Ние сметаме дека до донесување на конечна одлука се уште има време и предлагаме на надлежните државни органи да ги искористат можностите кои постојат во Миграциската политика, а тоа е можност за основање на ад хок работни групи кога тоа некое прашање за интеграции го бара, во таа работна група да се соберат сите актери во тој процес и заедно да ги обезбедат и подготват сите потребни технички, но и човечки капацитети, за потоа да може да се случи и прифаќање на бегалците, вели Крањезиќ.

Бидејќи се работи за бегалци, тие не смеат да бидат сместени во објекти од затворен тип, потсетува нашата соговорничка.

– На тие лица, како и на лицата кои во Хрватска ќе остварат еден вид меѓународна заштита, треба да им се овозможи слобода на движење. Постојат капацитети во Дугава и во Нов Загреб, во прифатилиштето за баратели на азил Порин, но секако можат да се најдат и други решенија. Значи, важно е на тие луѓе да им се овозможи само слобода на движење и да им бидат обезбедни некои основни интеграциски можности, додава таа.

Во првата реакција на предлогот на Европската комисија за разместување на бегалците по државите членки на ЕУ, министерот за внатрешни работи Ранко Остојиќ ги наведе транзитните центри во Трилја, Товарник, кои наскоро ќе бидат довршени. На градоначалникот на Трилја, Иван Шипиќ тоа му била прва вест.

– Кај нас се работи за затворен тип на објекти кои служат за луѓе кои се опфатени со илегално преминување на границата. Ние не сме запознати со овие мерки каде се најавува дека Хрватска ќе го прими тој и тој, а за тие прашања сигурно пред се е надлежно Министерството за внатрешни работи, вели Шипиќ.

И во Министерството за внатрешни работи ги замоливме да ни кажат што се прави околу скорото прифаќање на бегалците од Медитеранот, меѓутоа до заклучокот на овој предлог немаше нивен извештај.

Да потсетиме, се работи за две мерки: прераспределба на лица на кои им е потребна меѓународна заштита и веќе се наоѓаат на територијата на ЕУ, како и преселување на бегалците од трети држави во државите членки на ЕУ.

Критериумите за распределба се големината на државата, БДП, стапката на невработеност и бројот на бегалците кои државата веќе ги примила. Од почетокот на судирот во Сирија во март 2011 година, околу 4.000.000 луѓе избегале од земјата. Германија примила околу 130.000 од нив.

Хрватска начелно не ја доведува во прашање квотата на бегалците кои треба да ги преземе. На Словенија и се определни 207, меѓутоа премиерот на Словенија Миро Церар се согласува за само 15 до 20 од нив. Предлогот за квотите одлучно го одбија Словенците, исто како и Британците, Ирците, Данците…

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Големо невреме во Хрватска: поројот носеше се пред себе, водата влезе во куќите

Албанка која ги уби братот и сестрата кај Дубровник е осудена на 4 години затвор

Бомба тешка 250 килограми е пронајдена кај Нова Градишка

ВИДЕО: Невреме го потопи Сплит

Земјотрес од 4,4 степени во Босна, почуствуван и во Хрватска

На српско-хрватската граница повторно уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ

Катерина Ѓуровски