Битолчани излегоа да протестираат и да бараат оставка од Талески

Од:

Неколку илјади битолчани вечерва излегоа на протестот на кој што битолските екологисти од здружението „За нас се работи“, ќе бараат оставка од градоначалникот Владимир Талески.

Толпата демонстранти која се наоѓа пред седиштето на Општина Битола, извикува „уа“, скандира „оставка“ и ги вее паролите со натпис „Сиктер за Талески“.

Најголем дел од насобраните граѓани и активисти се млади луѓе, но меѓу нив има и повозрасни лица и голем број на пензионери.

Освен државното знаме, кое го веат присутните, на протестот нема партиски обележја.

Силно полициско обезбедување е присутно пред вратите на Општина Битола, каде насобраните заиграа и оро на антологиската нумера „Битола мој роден крај“.

– Сакам да ве потесетам дека тука сме да бараме оставка од Талески бидејќи доста опинци ја газат Битола. Оди си Владе, мизерија ни даде – рече пред насобраните граѓани, Горан Пинза од здружението „За нас се работи“.

Организаторите повикаа на мирен и достоинствен протест.

Извор: Мета

Би можело да ве интересира

Двајца пијани возачи уапсени во Ресен и во Битола

Обид за убиство на „Новиот пазар“ во Битола: Со нож е ранет маж во грбот и слабината

Битолчанец платил 22.500 евра за да му се вработи синот во МВР

Полицијата трага по 22-годишен разбојник кој ограби фризерски салон во Битола

26-годишна жена од Битола осомничена за обид за убиство на нејзините баба и дедо

Горан Наумовски

Денеска во дигиталната судница во Идризово почнува судењето за „Адитив“