Вучиќ: Белград подготвува одговор на најавите на Тачи за тужба против Србија за геноцид

Од:

Србија подготвува одговор на најавите на косовскиот министер за надворешни работи Хашим Тачи дека Приштина наскоро ќе покрене тужба против Србија за геноцид, изјави вечерва во Тирана српскиот премиер Александар Вучиќ.

– Морам да признаам дека не го разбирам ова. Јас ги почитувам сите наши соговорници и во Брисел и насекаде и како што знаете ги почитувам и не се плашам од ниту еден од нив, но господинот Тачи не е правник и тој и не се разбира сосем во тоа што е геноцид. изјави Вучиќ за српската државан телевизија РТС.

Според Вучиќ, со ваквите најави Приштина се обидува да го одвлече вниманието од формирањето на Специјалниот суд, за што одлука треба да биде донесена утре или в петок.

– Ајде да не зборуваме за нешто што нема никаква врска со фактите, рече Вучиќ, кој престојува во дводневна посета на Тирана.

Тој сепак нагласи дека „многу сериозно“ ги сфаќа најавите за тужба од Приштима, па затоа Србија подготвува и свој одговор.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Опозицијата запали собраниски столици пред албанскиот парламент

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1

„Еурактив“: Албанија на 15 октомври ги отвора преговорите со ЕУ по поглавја

Партијата на Македонците бара албанската влада да ја забрани фондацијата „Бугарска меморија“