Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, заедно со европратениците Иво Вајгл, Ричард Ховит и Едвард Кукан во понеделник ќе присуствуваат на разговорите во Скопје, со цел да ја продолжат медијацијата меѓу политичките партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ за надминување на политичката ситуација во Македонија, пренесува МИА.
Од кабинетот на Хан потврдиле дека првиот човек за проширување на Унијата планира наскоро да ја посети Македонија, но посочиле дека во четврток ќе соопштат јавно кога тој точно ќе пристигне во Скопје.
Според информациите од тројката европратеници што исто така посредуваат во преговорите помеѓу власта и опозиција во Македонија, тој ден е понеделник, за кога е закажана новата рунда преговори меѓу Груевски, Заев, Мендух Тачи и Али Ахмети.