Никола Груевски не само што менувал закони и урбанистички планови за негови цели, туку интервенирал и да снема архивски материјали во МВР, односно писмо и комуникација на директорот на Агенцијата за водушна пловидба, кој се жалел на односот на сопругата на претседателот на државата, Ѓорѓе Иванов, рече Заев.
-Сопругата на Иванов билА фактор, таа менувала директори рече Заев и објави материјал за кој информираше дека е разговор помеѓу Никола Груевски и Гордана Јанкулоска.
9. Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Никола Груевски
ГЈ: Да.
НГ: Горде, здраво, како си?
ГЈ: Здраво. Добро, еве.
НГ: Не знам, веројатно си добро запознаена со писмото што ти е од Агенција за воздушна пловидба, во врска со Маја.
ГЈ: Го видов Претседателе. Што да Ви кажам!?
НГ: Јас се занимавам со тоа три дена. И еден куп саати и состаноци имам одложено да ја смирам и конечно вечерва…
ГЈ: Аха…
НГ: Ха, ха…постигната е…
ГЈ:…согласност постигнавте…
НГ: Ха, ха,…договор за мир. Ха, ха. Договор за мир е постигнат. Е сега има уште едно деталче што кај тебе ни е битно. Некако оргиналот од архива да го снема, кај тебе да биде.
ГЈ: Кај мене е во фиока оргиналот од архива.
НГ: Оргиналот…нема дупликат на оргиналот?
ГЈ: Јас да Ви кажам оргиналот тој што е со потпис, печат е кај мене. И го тргнав на страна, ни у архива да иде, ни никаде.
НГ: Аха.
ГЈ: Ама главниот проблем е што е пратено преку главна архива. И сега од главна архива дур стигне до кабинет, мислам тоа е процедура. Човек не може со 100% сигурност да каже дека некој не направил копија. Иначе оргиналот е кај мене.
НГ: У главна архива сега нема оргинал, така?
ГЈ: Не, не. Оргинал нема, кај мене е оргиналот. На биро…
НГ: Е сега вака, пошто начелно се согласија и двете страни…ти не знаеш како беше…едниот сака оваа да ја смени, она сака него да го смени. И не е свесна дека тоа на неа ќе и направи голем скандал.
ГЈ: Што да Ви кажам, ја…
НГ: И викам Маја ти и да го смениш-губиш. Губи и Ѓорѓи, губам и ја…
ГЈ: Да де да.
НГ: Он ќе искочи жртва, ти ќе искочиш диктатор. И што сме направиле?
10. Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Никола Груевски
НГ: Вчера бев три саати кај Ѓорѓи дома. А денеска саат време и поише со Дејан по телефон.
ГЈ: Што да Ви кажам јас…
НГ: Оти до вчера Дејан беше тврд.
ГЈ: Ја кога го видов писмото
НГ: Не, вика вака, јас не сум знаел дека ќе имам директор над директорот, ми вика. Ако е така, еве сменете ме мене, она нека дојде.
ГЈ: Да де да, мислам…
НГ: Или она кого сака нека стави. Знаеш, човекот вака тврдо застана едно време.
ГЈ: Јас па да Ви кажам, нели мислам Дејан ко никој друг сме го збореле меѓу нас, викам човекот толку нормален беше, толку со ќејф…што баксуз ќе бевме, за никого толку не сме се мислеле ко за Дејан.
НГ: Да.
ГЈ: Мислам знаете Вие колку…
НГ: Да де да.
ГЈ: И саати, и ноќи сме потрошиле. А бе викам до толку да ја утнавме, да му се сневиди. Друг пат нели на брзинка ќе донесеш некоја одлука, и викаш океј, тоа е ризикот. Ама овдека толку меревме, викам до толку да ја утнавме. Ја нејќам да Ве замарам, иначе, јас жива се изедов со оваа ситуација. Кога стигна писнмото, мислам нормално ќе го видиш документ, го архивираш. Викам: остај го ова кај мене у фиока, и само се молам на Господ некој да не го ископирал.
НГ: Не, сега се договоривме и да го ископирал, ако искочи фотокопија, ќе кажат они двајцата не е тоа точно. Нити сум пратил, она ќе рече: нити сум примила.
ГЈ: Да де да.
НГ: Некој измислил.
ГЈ: Да де да.
НГ: Ако е точно нека даде оргинал, а нема оргинал.
ГЈ: Нема оргинал. Кај мене е оргиналот у фиока. Мислам, јас одма…
НГ: И дека многу се почитуваат, и добро соработуваат. Ха, ха, ха.
ГЈ: Ха, ха, ха. Ако треба и заедничка изјава ќе дадат.
НГ: Да, да. Ха, ха, ха.
ГЈ: Ха, ха. Јас кога ја видов содржината, викам ова надвор од сите процедури е, управен инспекторат, све тоа што буткаме, викам, ама има да седи кај мене у фиока. Кога го видов, што да Ви кажам. Некогаш во порелаксирана атмосфера ќе Ви го покажам. Мислам да не зборам…
НГ: Не, јас го читав писмото, знам што е стигнато.
ГЈ: Ха, ха. А, го видовте.
НГ: Да. Го видов.
ГЈ: Со прилог, он што и пратил на неа писмо.
НГ: Да, да. Ха, ха, ха. Е тоа го читав, тоа.
ГЈ: Оти две се, не е едно. Едно е од него до мене, кај што објаснува се што треба. И плус ми праќа во прилог, вика еве го писмото на неа што и пратив. Мислам крај, вака.
НГ: Значи добро си запознаена.
ГЈ: Да. Да, да. Викам што мора ја да знам што си и пратил на неа. Ха, ха, ха. Мислам, јас знам, ама што има потреба од документи. Мислам, на крајот од краиштата тоа е интерна комуникација, што има ние да знаеме што се допишуваат. Ама налет нека е. Иначе кај мене е писмото, така да у тој дел да знаете…
НГ: Океј, чувај го у некој сеф таму.