Никола Груевски инсистирал да се урне Драмскиот театар. Тој грчевито се заложувал да се сруши Драмскиот театар и да се претвори во деловни простории, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев на прес конференцијата пред Владата.
Тој објави разговор за кој посочи дека е помеѓу Никола Груевски и Миле Јанакиески.
4. Разговор помеѓу Миле Јанакиески и Никола Груевски
НГ: Миле…
МЈ: Молам…
НГ: Јас сум со култура. Зошто си им советувал наместо продажба на земјиште со услови, за да се остапи дел од просторот, да одат на јавно приватно?
МЈ: Не можи претседателе, гледав низ сите закони не можи никако со земјиште бидејќи има таму изградени објекти кои се пишани во имотен лист…значи напраивме целосна анализа…
НГ: Ќе ги срушиме….
МЈ: Амаа… напраивме целосна анализа најдобро е сеа на приватно партнерство…
НГ: Миле, до сеа во државата никој не напраил нешто по тој закон за приватно јавно. Второ како планираш ти офицерски дом да го продаваме?
МЈ: Ама таму е чисто земјиште
НГ: Што?
МЈ: Земјиште е таму само…
НГ: Па и овде е земјиште, ќе го срушиме ова бе!
МЈ: Ако се сруши океј…за чисто земјиште ама како ќе го срушиме? Упишан е имотен лист, сопственик има…
НГ: Театарчиите ќе си ги пребациме во МОБ или во Дом на АРМ…
МЈ: Го глеавме ние таа опција ааа…
НГ: Бараката ќе се сруши и ќе се продаде земјиштето… и во условите ќе пишува дека тој што ќе го купи треба да отстапи толку и толку површина за публика, за сцена, за грамиорни, висина во тој дел толку, во овој волку и да работи согласно идејното решение што е даде…како Градската куќа…
МЈ: Значи ние долго време го анализизрав, значи ја..Бети знај, неколку состаноци имавме, најголем проблем е таму објектот… ако тие го срушат објектот…
НГ: На спикер ќе те уклучам…ајде сеа пробај…
МЈ: Значи, ако го срушат тие објектот а после ја да праам лицитација не ми е проблем, ама ја мсилам дека тоа не е можно, ако имаме чисто земјиште таму за продажба не е проблем зашто таму е објект којшто е пишан во имотен лист… и затоа ја гледавме опцијата јас имам правено цел динамичен план како преку јавно приватно партнерство со рокови со се…
НГ: Како се, колку рок ќе ни треба?
МЈ: За тоа?
НГ: Да
МЈ: Од распишување на тендер едно 4,5 месеци…Значи исто како концесијата е само јавно приватно партнерство е, а никој не го спроведува, јас го разработив тоа баш за овие два проекта…
НГ: За физибилити студија 6 месеци ќе изгубиме…
5. Разговор помеѓу Миле Јанакиески и Никола Груевски
НГ: Ај да си срушиме тоа таму, да си продадеме…
МЈ: Претседателе ако е чисто земјиште не е проблем ама мислам дека култура ќе има проблем да ги сруши објектите претходно зошто идејата беше да…
НГ: Зошто мислиш дека ќе има проблеми?
МЈ: Молам?
НГ: Зошто мислиш дека ќе има проблеми?
МЈ: Зошто можи некој понатаму да праша зошто ги рушат објектите а не… а може да се оттуѓат објектите од тој аспект…
НГ: Миле политички ли ми збориш сеа?
МЈ: Не ако… јас ви кажувам, ако е чисто земјиште, не е политички, ако е чисто земјиште тоа си оди по закон за градежно земјиште, не е проблем…бидејќи има објекти ја мсилев дека е најдобро со јавно приватно партнерство…сите тие услови, идејни проекти, услови, даа…
НГ: Не те разбирам зошто Миле, зошто така мислиш? Пошто коа ќе помине тоа пак ќе треба да се руши…како тој, зградата ќе ја праи врз бараката ли?
МЈ: Зошто претседателе не можи во објавата… ја мислев подобро е да оди со јавно приватно партнерство бидејќи има неколку услови што ќе ги стаам, идејни проекти има, треба да се обврзи партнерот што ќе прави, значи надвор од класично продажба на земјиште но ако, еве ви кажувам ако ги сруши култура објектите ќе одиме по законот за градежно земјиште, не е проблем…
НГ: А кај офицерски дом како ќе го продаеш?
МЈ: Таму е чисто земјиште…
НГ: Па коа ќе го срушиме и ова ќе биде чисто земјиште бе Миле
МЈ: Добро ама сега има објект во… што е упишан во имотен лист ако се срушат не е проблем ќе одиме по закон за градежно земјиште јас ви го кажав тоа…
НГ: Ќе одиме со законот за градежно земјиште и во објавата ќе си пишува и во тендерската документација, треба да се направи во долниот дел театар, толку и толку квадрати, таква и таква висина во различни делови, различна висина…
МЈ: Согласно идејниот проект…
НГ: Согласно идејниот проект којшто ви го даваме во прилог…и луѓето ќе си го видат во прилог, ќе си се пресметаат, ќе си се израчунаат и ќе дадат цена…
МЈ: Добро, ако е така, ако се рамни со земјиште не е проблем океј….
НГ: Најчисто е Миле тоа, приватно јавно партнерство не исправна работа е кај нас
МЈ: Добро претседателе ама јас пак ќе повторам, за објектот значи како транспорт, јас гледав значи јас гледав од аспект на транспорт, ние да го водиме проектот, значи не е проблем јас ќе и помогнам на Бети, проблем ми е објектот ако го исчистат објектот после јас ќе го превземам не е проблем, зошто во законот…
НГ: Колку е висока зградата?
МЈ: Па таму беше една третина да биде…
НГ: Колку е висока зградата?
МЈ: За во Центар? Не ги знам пошто мислам дека… не знам сеа…знам една третина со две третини ги напраивме и Центар и Карпош…
НГ: 90 метра да не напраивме?
МЈ: Не, не, не…тоа беше порано го сменивме од порано…не беше 100% 90…
НГ: 35 вика државниот секретар
МЈ: Не сум сигурен
НГ: Ако е 35 никој нема да ни дојде Ич да не… да не рушиме џабе…Миле зошто вака … го водиш овој програм?
МЈ: Како го водам?
НГ: А?
МЈ: Како?
НГ: Па така го водиш ова, две години три години го збориме никаков напредок нема, сеа дознаваме дека е 35 метри…никој нема да влези со 35 метри пошо 20 метри е театарот
МЈ: Значи плановите.. Не, не, не, ја ви гарантирам она што беше театарот, значи театарот, колку што требаше површини, една третина е театарот, две третини е остатокот од површина, значи ако требало театарот не знам 5 илјади метри квадратни остатокот од површина значи.. аа е 10 илјади метри квадратни за деловен простор, тоа е сигурно…
НГ: Чекај ама сте ја напраиле за станови да се праат не деловен простор? Ама тоа е станови…
МЈ: Не, да ги видам плановите ја милам деловен простор беше не е колективно вдомување…
НГ: Ја знам зборевме за деловен простор ако има станови таму не може сеа…
МЈ: Не, не нема станови знам…
НГ: Се сушат пантолони горе а доле театар ќе играат…