Јотовски стартуваше со победа во Брчко

Од:

Македонскиот тенисер Томислав Јотовски стартуваше со победа на фјучрс турнирот во Брчко. Тој во мечот од 1.коло го победи Унгарецот Габор Боршош со 2:0 во сетови.

Првиот сет нашиот тенисер го доби на убедлив начин со 6:0 во гемови, а во вториот сет имаше повеќе неизвесност. До 4:4 во гемови беше нерешено, а во следниот гем Јотовски ја искористи шансата и направи брејк за водство до 5:4 и сетот го доби со 6:4.

Во следниот меч Јотовски ќе игра со победникот од дуелот Лукас Јастрауниг и Оливер Наѓ.

Попладнево македонскиот тенисер ќе игра и во игра на двојки.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров