ЦИВИЛ: Самоволие и незаконски постапки на власта

Од:

„Полицијата им ги одзеде мобилните телефони на уапсените и приведените во текот на полициските акции против демонстрантите од 5 мај наваму. Само им било кажано дека тие телефони ќе одат на вештачење. Ни по 22 дена, нема објаснување за оваа постапка на полицијата.

Ваквото однесување е спротивно на Законот за кривична постапка. Незаконското однесување на властите особено се гледа во одредбата за определување вештачење од ЗКП. Во став 1 од оваа одредба на ЗКП се пропишува дека: „Вештачење се определува кога за утврдување или оцена на некој важен факт треба да се прибави наод и мислење од лице кое располага со потребното стручно знаење. Вештачењето по правило го вршат вештаци запишани во регистарот на вештаци.“

Понатаму, во став 2 од истата одредба јасно се наведува дека: „Вештачењето се определува со писмена наредба.“ Ниеден од приведените не добил писмена наредба за одземање на мобилните телефони.

Особено е важен ставот 3 од законската одредба за вештачење во кој се одредува дека: „Во текот на претходната постапка наредбата ја донесува јавниот обвинител, а на главната расправа судот согласно со членот 394 став (2) од овој закон“. Во став 4 се пропишува и обврската дека: „Во наредбата ќе се наведе во однос на кои факти се врши вештачење и кому му се доверува.“

Протестираме поради самоволието и незаконското постапување на полицијата и бараме јавното обвинителство да се изјасни дали обвинител издал наредба за вештачење. Доколку постои таква наредба, бараме властите да се изјаснат под кои околности се донела таква наредба, што е законска обврска“, се вели во соопштението на ЦИВИЛ.

Би можело да ве интересира

Креативна работилница „Обединети против насилството“

Ана Ололовска

ЦИВИЛ предлага 8 март да биде прогласен за неработен ден за сите жени во земјата

ЦИВИЛ повика на засилен мониторинг на изборниот процес

Ана Ололовска

ЦИВИЛ: Не смее да се толерира насилство врз новинарите

Наум Локоски

ЦИВИЛ го застапува правото на глас и го набљудува референдумот

Ана Ололовска

Цивил центар за слободи: Некој ги заплашува граѓаните за референдумот

Наум Локоски