На Факултетот за туризам и угостителство во Охрид денеска ќе се одржи Фестивал за хигиенски дизајн и храна.
Темите кои ќе бидат опфатени на настанот се од областите на хигиенско инженерство и дизајн и квалитет и безбедност на храна. Учесници ќе бидат научници, истражувачи, професионалци, компании, владини и невладини организации, консултанти и други лица кои работат во областите на производство и преработка на храна, исхрана и хигиенско инженерство и дизајн, иновативни технологии, нови трендови во прехранбената индустрија во светот.
Настанот е организиран од Консалтинг и тренинг центарот КЛУЧ, седиште на Македонската регионална секција на Европската групација за хигиенско инженерство и дизајн (ЕХЕДГ) во соработка со Иницијативата за глобална хармонзација, Агенцијата за храна и ветеринарство и Агенцијата за поддршка на претприемништвото во Република Македонија.
Обраќања на фестивалот ќе имаат претседателот на ЕХЕДГ Лудвиг Јозефсберг, претседателот на Советот на инспектори Ванчо Каргов и други.