Утре нова бомба од пред Влада

Од:

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, најави дека утре од кампот пред Влада ќе биде обелоденета нова бомба. Заев ова го изјави по денешната лидерска средба во Клубот на пратеници откако новинар му постави прашање дали ќе продолжи мораториумот на бомбите.

– Нема таков мораториум. Ние само им дадовма шанса на протестните активности преку кои испраќаме сериозни пораки до домашната и до меѓународната јавноста. Претпоставувам утре ќе продолжуваме со објавувањето на бомбите – рече тој.

Од СДСМ потврдуваат дека е во план утре да се објави нова папка, но не прецизираат за кој случај конкретно. Според досегашните изјави на Заев останаа необјавени две папки, една која се однесува на убиството покрај Смилковско езеро, и друга која се однесува на затворањето на А1 телевизија.

Би можело да ве интересира

Фрлена експлозивна направа во авто-перална во СКопје

Повторно дојави за бомби во скопски училишта, се евакуираат учениците

Катерина Ѓуровски

Дојавата за бомба во скопска гимназија е лажна, превентивно се евакуирани и други училишта

Нова закана за поставена бомба во скопско училиште

Горан Наумовски

Дојави за бомби попладнево стигнале во девет скопски училишта, се евакуираат учениците од втора смена

Маја Илиевска-Пачемска

Нова дојава за бомба, се евакуираат ученици од средното училиште „Јосип Броз“ во Скопје

Маја Илиевска-Пачемска