СДСМ: Палењето возило на активист на СДСМ во Центар – уште еден очаен потег на Груевски

Од:

„Насилничкиот инцидент со палењето возило на активист на СДСМ во Центар е уште еден од очајничките потези на Груевски во време на неговиот пад.

Прво беше запален автомобил на активист на СДСМ во Битола, па беше претепан претседателот на општинската организација на СДСМ во Центар, Саша Богдановиќ, беше запален на автомобилот на новинарот  Бранко Тричковски, беше нападнат со шипки новинарот Саше Ивановски а последно пред два дена е запалено и возилото на активист на СДСМ од Центар.

Порачуваме дека професиoналците во полицијата се должни да се издигнат над партиските притисоци од власта и да ги расчистат сите инциденти што се случија последниов период“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат

СДСМ удри по Мицкоски: „Каде завршија 5 милиони евра“

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди она што го кажав за договорите за избори меѓу ВМРО и ДУИ

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: „Секој што е за Европа и демократија – за Мицкоски е талог“

Горан Наумовски