Шампионот на УС Опен Марин Чилиќ од Хрватска успешно ја мина првата пречка на Ролан Гарос. Тој денеска во три сета го совлада Робин Хасе од Холандија со 3:0 и притоа загуби осум гема.
Успешен старт на Гренд слем турнирот имаше и финалистот од 2013 година Давид Ферер, кој го елиминира Лукаш Лацко со истиот резултат – 3:0 во сетови и притоа загуби само пет гема.
На женскиот дел од турнирот шампионката од 2009 година Светлана Кузнецова во три сета со 2:1 успеа да ја совлада Кики Бертанс.
Пласман во следната рунда обезбеди и Јулија Гергес, која исто со 2:1 во сетови ја победи Коко Вандевеге.
Во текот на денешниот ден ќе бидат комплетирани мечевите од првото коло во двете конкуренции.