Разорувачко торнадо го погоди денеска мексиканскиот град Судад Акуна, при што загинаа најмалку 11 лица, а уништени се голем број куќи и возила.
Портпаролот на Министерството за внатрешни работи на мексиканската сојузна држава Коауила, Росарио Кано изјави дека досега е потврдена смртта на 11 луѓе.
Силниот ветар пробил низ ѕидовите на куќите, а забележани се и откорнати дрвја и кровови од автомобили.
Судад Акуна е град со околу 100.000 жители и се наоѓа на мексиканско-американската граница.
Кано истакна дека официјалните органи наскоро ќе почнат да вршат проценки на штетите.