Чешката полиција денес соопшти дека во текот на викендот непознати луѓе на северот на Косово пукале на автомобили во кои имало чешки и германски полицајци и дека се завршило без ниеден повреден и само со скршени шофершајбни.
Непознатите напаѓачи во неделата попладне отвориле оган на два автомобили на Еулекс во кои четворица чешки, еден германски полицаец и прведувач.
– Двата автомобили биле погодени во ветробрановото стакло. Калибарот се уште го проценуваме. Со оглед на оштетувањето, можеме да претпоставиме дека се работи за оружје со мал калибар, приближно девет милиметри – соопшти портпаролката на чешката полиција Јана Мацаликова.
Истрагата за нападот ја води Еулекс во соработка со локалната полиција, а Мацаликова рекла дека мотивот за нападот за сега не е познат, но дека е можно да се работи за обид за убиство.
Чешките полицајци на кои било пукано се од единицата задолжена за обезбедување на сведоци за време на транспорт, за конвои и за странски функционери.