Ибраимовски: Груевски и Миленко во рубриката било и не се повторило

Од:

Деновите одминуваат, политичката криза се продлабочува, владејачката гарнитура покажува знаци дека не знае и не сака да ја реши политичката криза во замјава, соопшти лидерто на ПЦЕР, Самка Ибраимоски.

„Еден од нивните мегафони на власта а член на ГДОМ, кажува дека дека ние сме требале да бидеме среќни што Груевски ни дозволува да правиме протести, оти ќе бришеле асфалт со нас, опозицијата. Ниту од актуелната власт, ниту од Македонската асоцијација на новинари, каде тој е член, не видовме дека се оградуваат од неговиот став и дека бараат одговорност поради неговиот говор на омраза. Со ова актуелната владејачка гарнитура покажува дека во Македонија владеат двојни аршини и дека законите на важат за секого подеднакво. Како трето, паднаа во вода сите обвинувањата на нивните квази новинари дека опозицијата сака крваво сценарио како во Украина и докажа дека целта на опозицијата е да се избори за подобро утре на сите свои сограѓани без разлика на верска национална и политичка припадност – вели Ибраимоски.

Тој вели дека му порачува на „истоимениот квази новинар и пропаднат спортски коментатор Миленко Неделкоски“ дека не е до Груевски да дозволува, затоа што Уставот дозволува да се искаже незадоволството.

– Твоето повикување е само барање да се рушат темелите на оваа држава меѓу кој е и Уставот. Затоа ти и твојот лидер треба да заминете во историја на Македонија во рубриката било и не се повторило – вели лидерот на ПЦЕР.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Самка Ибраимовски: Доста е да не водат семејни кланови и партиски потрчковци

A1on

Министерот без ресор Ахмедовски два часа го чекал кумановскиот градоначалник на средба, а тој не се појавил

Наум Локоски

ПЦЕР: Бевме и остануваме во коалиција со СДСМ

Емир Латифовиќ

Самка Ибраимовски: Не коалицираме со ВМРО-ДПМНЕ, се уште сме во коалиција со СДСМ

Ана Ололовска

ПЦЕР: Кој ги користи 5.000 државни станови?

Емир Латифовиќ

ПЦЕР: 2 Август да биде ден на холокаустот на Ромите

Емир Латифовиќ