Томаш Бердих (4. носител) без поголеми проблеми успеа да слави победа во мечот од 1. коло на Грен слемот Ролан Гарос.
Тој беше подобар Јошихито Нишиока со 3:0 во сетови (6:0; 7:5 и 6:3). Пласман во второто коло обезбеди и Фабио Фоњини кој со 3:0 го победи Тацума Ито.
Првата пречка ја мина и Мартин Клижан, на досега завршените мечеви кај мажите.
Во женска конкуренција неизвесен беше мечот меѓу Ализ Корне и Роберта Винчи,а победа од 2:1 во сетови постигна Корне.
Од фаворитките Карла Суарез Наваро и Сабине Лисцки без проблеми со 2:0 изборија пласман во следната рунда.
Попладнево на програма е мечот од 1. коло на ланската шампионка Марија Шарапова против Каја Канепи.