Обрадовиќ уште две години во Фенербахче

Од:

Најтрофејниот европски кошаркарски тренер Жељко Обрадовиќ потпиша нов двегодишен договор со Фенербахче, објави денеска на својата веб страна клубот од Истанбул.

Фенербахче соопшти дека токму Обрадовиќ е најзаслужниот за успехот остварен оваа сезона кога тимот за прв пат во својата историја играше на „Фајнл-фор“ турнирот во Евролигата.

Српскиот стручњак од 2013 година го предводи Фенербахче. Во турското првенство го освои шампионатот и Суперкупот.

Обрадовиќ претходно 13 години беше тренер на Панатинаикос, а работеше и во Бенетон, Реал Мадрид, Партизан и Хувентуд.

Има осум шампионски трофеи во најсилното европско натпреварување – Партизан (1992), Реал Мадрид (1994, 1995) и Панатинаикос (2000, 2002, 2007, 2009 и 2011).

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос