Британски маринци обвинети за убиство на бунтовник во Авганистан

Од:

Британското Министерство за одбрана соопшти дека се покренати обвиненија за убиство против петмина маринци заради инцидент со авганистански бунтовник во провинцијата Хелманд, во јужен Авганистан.

Седум маринци минатата недела беа приведени, но двајца од нив веднаш беа ослободени без обвинение.

Процесот му е доверен на военото обвинителство. Обвинетите ќе останат во затвор до почетокот на процесот.

Ова е прв ваков случај од почетокот на кампањата во Авганистан во далечната 2001 година, пренесуваат американските медиуми.

Според неофицијална информација, случајот е поврзан со видео снимка, откриена минатата недела од воената полиција во личен нотбук на војник, во која група маринци во базата во Хелманд разговараат дали ранет бунтовник Авганистанец да добие медицинска помош или не. Снимката прекинува и не е јасно каква е неговата натамошна судбина, но на крајот тој сепак починал од здобиените рани.

Британското воено право неукажувањето помош на заробеник го смета за убиство со умисла и ако маринците бидат прогласени за виновни може да бидат осудени дури и на доживотен затвор, пренесуваат руските медиуми.

Би можело да ве интересира

Авганистан: Талибанците со закон им забранија на жените да зборуваат јавно

Авганистанска брачна двојка си ја уби 15 годишната ќерка во Германија: Брутално претепана и удавена

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица

Тројца шпански туристи загинаа во Авганистан

Горан Наумовски

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан