МЗТ и Куманово во финалето

Од:

МЗТ Скопје и Куманово ќе играат во финалето за титулата во кошаркарското првенство, ова е епилогот по вторите натпревари во плеј офот одиграни во Куманово и Кавадарци. Куманово го совлада Работнички со 85-71, и заслужено се пласираше во финалето.

Куманово водеше во текот на целиот натпревар во еден момент и со 24 поени разлика. Најефикасен кај победничката екипа Урош Луковиќ кој натпреварот го заврши со 22 поени и седум скока.

МЗТ Скопје ја оправда фаворитскта улога против Фени Индустри во Кавадарци со резултат 64-75. Александар Чапин со 22 поени беше најзаслужен за вечерашниот триумф, Мијатовиќ постигна 14, а Синовец 13 поени за победничкиот тим.

Финалната серија меѓу МЗТ Скопје и Куманово ќе почне во петок , а првиот меч ќе се игра во СЦ „Јане Сандански“.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос