Нигериската војска соопшти денеска дека убила десетина припадници на екстремистичката група Боко Харам и ослободи најмалку 20 заложници, во операција во шумата Самбиса, упориште на исламистите.
Наспроти големиот број нагазни мини во шумата Самбиса, војската успеала да се пробие и во нападот на бунтовничките бази и да убие десетина терористи, се наведува во соопштението на Министерството за одбрана.
– Во операцијата се ослободени најмалку 20 жени и деца, се додава во соопштението.
Досега над 700 заложници, главно жени и деца, наводно се ослободени во нападите на војската на Самбиса, која Боко Харам во последните неколку години ја користи како база.