А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Традиционална манифестација „Македонија во чест на свети Кирил“ во Рим

by А1он23/05/2015 - 21:44166
Share0

По повод чествувањето на Денот на сесловенските просветители „Св Кирил и Методиј” вечерва во Рим се одржа традиционалната манифестација „Македонија во чест на свети Кирил“.

Добивај вести на вибер

Во рамки на културната манифестација, која беше свечено отворена од претседателот на Владата, Никола Груевски, е поставена и изложба на автентични македонски копаничарски дела.

Премиерот Груевски во своето обраќање истакна дека Република Македонија и годинава, по 47-ми пат дава свој придонес во чествувањето на големите словенски просветители, потврдувајќи ги уште еднаш добрите врски меѓу Република Македонија, Ватикан и Република Италија.

– Знаејќи дека цивилизациски дострел на секоја општествена заедница е грижата, заштитата и промоцијата на културните вредности кои останале од минатото, денес во чест на Свети Кирил, ја отвораме изложбата „Македонска резба–традиција и континуитет” преку која ја презентираме богатата македонска култура, овој пат издлабена и зачувана во раскошната македонска резбa, рече Груевски.

Тој посочи дека резбаните ракотворби се создавани во еден од главните центри на уметноста во Македонија, градот Охрид, во познатата охридска резбарска школа, чија традиција е навистина богата и претставува синтеза од уметнички континуитет на скапоцената семејна традиција пренесувана од колено на колено, а длабоко инспирирана од славната дебарско-мијачката школа.

– Експонатите кои се дел од ова изложба претставуват слоевит приказ на македонската резба, значаен сегмент од големото културно наследство, рече Груевски.

Тој се задржа и на значајноста на делувањето на Св. Кирил и Методиј и нивната значајна општествена улога.

– Нивната просветителска улога на културен и на религиозен план, претставува порта низ која голем број народи влегоа и се издигнаа, а нивната мисија ја задолжи целата христијанска цивилизација, а посебно македонската држава како место во кое поминаа најголем дел од својот живот. Токму затоа, Македонија со гордост и задоволството го одбележува и чествува споменот на Светите браќа Кирил и Методиј, додаде Груевски.

Во рамки на манифестацијата се обрати и министерката за култура Елизабета Качевска – Милевеска, која истакна дека на изложбата се презентирани врвни уметнички дела на 11 автори, современи охридски резбари од четири различни генерации.

– Тие резби преставуваат 35 ремек дела кои датираат од 14 до 20 век и кои говорат за мајсторството, инвентивноста и креативноста на македонските резбари кои создавале одлични уметнички примероци. Овие експонати се дел од богатата ризница на Заводот за заштита на спомениците на културата и Музеј од Охрид, посочи Канчевска – Милевска.

Таа рече дека Република Македонија безмалку 5 децении преку манифестацијата „Македонија во чест на Свети Кирил“ традиционално е дел од глобалното чествување на словенските просветители кои несомнено преку својата мисија го поврза Истокот и Западот и оставија богато наследство за човештвото.

Владината делегација предводена од претседателот на Владата Никола Груевски во текот на утрешниот ден ќе го посетат вечното почивалиште на Свети Кирил во црквата Сан Клементе во Рим и ќе присуствуваат со молебенот со кој ќе чиноначалствува поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија г.г. Стефан.

mkd

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Катерина Ѓуровски08/02/2021 - 13:30

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Катерина Ѓуровски26/01/2021 - 08:37

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Катерина Ѓуровски26/01/2021 - 08:18

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

Катерина Ѓуровски22/01/2021 - 13:04

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски02/01/2021 - 14:1102/01/2021 - 14:13

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза

Катерина Ѓуровски31/12/2020 - 12:31
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен