Ѓорческа повторно поразена во финалето од Комардина

Од:

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа остана без турнирска победа на фјучрсот во Хрватска откако попладнево повторно, како и пред седум дена загуби во финалето од Русинката Анастасија Комардина. Ова е вкупно трет пораз на Ѓорческа од Комардина сите во финални мечеви (претходно во Арад).

Инаку, македонската тенисерка претпладнево во полуфиналето ја победи Тена Лукас од Хрватска со 2:1 во сетови. Овој меч требаше да се игра вчера, но поради дождот беше префрлен за денешната програма.

Ѓорческа добро играше на стартот од финалниот меч и имаше водство од 3:2 во гемови, но противничката направи серија од четири гема и го доби сетот со 6:3. Нашата тенисерка изедначи на 1:1 во сетови откако во вториот сет беше убедлива (6:1 во гемови). Но, проблемите за Ѓорческа беа во решавачкиот сет кога првите три гема на свој сервис ги загуби, а Комардина поведе со 5:2.

За пласманот во финалето Ѓорческа ќе добие нови седум бодови кои ќе и овозможат напредок на ВТА листата.

Ѓорческа според програмата за денеска ќе треба да го игра и финалето во двојки каде заедно со Кристина Шаковец ќе играат против Карин Кенел (Швајцарија) и Ива Приморац (Хрватска).

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров