Рама: Албанците во Прешево бараат духовно обединување

Од:

Албанскиот премиер Еди Рама го откри денеска во Приштина споменикот на Исмаил Ќемали и порача дека „заедничкиот покрив на Албанците е Европа“, а оти во Прешево „бараат само духовно и културно обединување“, јави Танјуг.

Во тоа, одделни медиуми, како што пренесува „Експрес“, гледаат промена во ставот на Рама за националното обединување на Албанците.

– Кога поставуваме споменик на Ќемали, тоа значи дека повторно се радуваме, но не од слеп национализам, рече Рама на церемонијата.

„Експрес“ пренесува дека Рама на церемонијата на откривањето на споменикот во Приштина говорел само за културно и духовно обединување на Албанците и оти истакнал дека „не може да се погази зборот даден на Американците и на Европа“.

– Ако Албанците сакаат да гледаат во очи на Ќемали, треба да знаат дека треба да бидат обединети, но во Европа, и да знаат оти никој не може повеќе да не омаловажува. Овој споменик значи и предизвик за нов почеток, а до тука стигнавме барајќи правда, никако газејќи ги другите, порача Рама.

– На сите нас заеднички покрив треба да ни биде Европа, рече албанскиот премиер, кој потоа говореше за историјата на прогласување на независноста на Албанија и улогата на Исмаил Ќемали во тој процес.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Опозицијата запали собраниски столици пред албанскиот парламент

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1

„Еурактив“: Албанија на 15 октомври ги отвора преговорите со ЕУ по поглавја

Партијата на Македонците бара албанската влада да ја забрани фондацијата „Бугарска меморија“