ССНМ го осуди нападот врз Саше Ивановски

Од:

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) го осудува вчерашниот физички напад врз Саше Ивановски, сопственик на интернет страницата Мактел.

„Крајно наелектризираната атмосфера во која фукнционира општеството доведува до вакви примитивни постапки, а неоткривањето на сторителите во некои претходни случаи ги охрабрува насилниците.Претепувањето на јавни личности е доказ дека во општеството не постои слободата на изразување и право на поинакво мислење.

Бараме од Министерството за внатрешни работи итно да ги открие сторителите, да ги изведе пред лицето на правдата и за тоа да ја информира јавноста, со што ќе покаже дека во оваа земја никому не му е дозволено разликата во мислењата да ја решава со насилство.

Во спротивно атмосферата на страв и насилство ќе биде дефинитивно востановена.
Потсетуваме дека во демократска држава каква што треба да биде Македонија секој има право на слободно изразување, а доколку некој смета дека му се повредени честа и угледот има институции и организации до кои може да се обрати.“, стои во реакцијата од ССНМ.

Би можело да ве интересира

ЗНМ: Грубо прекршување на правата на новинарката Мирослава Симоновска: Повик за итна истрага

Во медиумите во Македонија работат 2.100 луѓе, 20% од редовно вработените се во онлајн медиуми

A1on

(ВИДЕО) „Нашата работа е за јавноста, не за пред колегите“: Новинарите на протест пред Граѓански суд

A1on

НЕ за владини кампањи во медиумите и злоупотреба на ЕУ знамето во Собранието повикуваат новинарските здруженија

ССНМ и Томсон медија ги доделија наградите на ЕУ за истражувачко новинарство

Вработените во МИА и денеска на протест искажаа незадоволство поради непостапување по нивните барања