Во Мексико убиени 43 лица осомничени за членство во наркокартел

Од:

Мексиканските владини сили за безбедност убија 42 лица осомничени дека се членови на наркокартел во вчерашната престрелка во Западно Мексико, изјави комесарот за национална безбедност Монте Алехандро Рубидо.

Тој додаде еден припадник на федералната полиција, а уште еден е ранет во тричасовната престрелка, која се случила на ранч, во близина на границата на сојузната држава Мичоакан со државата Халиско.

Владини претставници изјавија дека убиените се членови на картелот „Халиско Нова генерација“.

Рубидо напомена дека тие се членови на „криминална организација, која дејствувала во државата Халиско“, но не го спомена нејзиното име.

Би можело да ве интересира

Навивачи го повредија селекторот на Мексико, Хавиер Агире

Пукање во мексиканската држава Синалоа, 19 мртви, уапсен лидерот на локалниот картел

Се повеќе руски шпиони во Мексико, Путин ја таргетира Америка?

Предраг Петровиќ

Еден од најозлогласените нарко босови ослободен од американски затвор

Горан Наумовски

Путин е поканет на инаугурацијата во Мексико, дали се обврзани да го уапсат ако дојде

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Маринец скокна од хеликоптер, падобранот не се отвори