Клаус: Брисел само се преправа дека ја „менаџира” Европа

Од:

Поранешниот чешки претседател Вацлав Клаус, зборувајќи на Форум организиран од Чешкиот Клуб на претприемачи во врска со Украина, Грција и миграцијата во Европа, оцени дека таму секаде задаваат грижи лошите западни решенија, кон кои Чешка пасивно се приклучува, јави дописникот на МИА од Прага.

– Кризата во Украина е вештачки предизвикана и интересно во врска со тоа е меѓу другото, дека никому не му е чудно кога ја „решаваат” Меркел и Оланд, додека комунистичките другари Могерини и Јункер никој не ги кани, изјави иронично познатиот евроскептик, или како што самиот се нерекува „еврореалист” Клаус.

Коментирајќи ја ситуацијата во Грција, која ја нарекува „лулка на демократијата”, Клаус оцени дека ако на Грците не им биде дозволено да ја напуштат еврозоната и да спроведат внатрешна девалвација, тогаш тие се осудени на вечна сиромаштија, што според него многу говори за политиката во Брисел.

– Мигрантите не бегаат од ништо, туку по нешто и секој би требало да биде сместен во чамец и транспортиран до таму до каде што тргнал, рече Клаус во врска со новата миграциска политика на ЕУ да се распоредуваат мигрантите во земјите членки.

Според него, никој не верува во тоа дека помошта на мигрантите нема да има влијание врз демографскиот развој во ЕУ.

Вацлав Клаус по неговиот мандат како претседател на Чешка во март 2013 година, го основаше Институтот кој го носи неговото име, а кој е замислен како либерално-конзервативната експертска група која организира истражувања, активности, работилници, конференции и други настани и програми за професионалната и широката јавност.

Би можело да ве интересира

Маж зема воспитувачка како заложник, па и се закануваше со нож, драма во градинка во Чешка

Мигранти пронајдени во камион во Чешка, една жена почина

Маж со нож рани три лица на бензинска пумпа во Прага

Страшна несреќа во Чешка: Повредени се пет лица

(ВИДЕО) Судар на возови во Чешка: четворица мртви, десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Чешкиот претседател имаше сообраќајка, пренесен е во болница