Куманово со тројка во финишот го совлада Работнички за 1:0 во полуфиналето од плејофот

Од:

Со тројката на Бранислав Џекиќ на 3-секунди на крајот, екипата на Куманово го победи Работнички со 78:77 во првиот полуфинален меч од плеј-офот на кошаркарскиот шампионат на Македонија.

Супер интересен беше првиот меч меѓу овие два тима одигран вечерва во салата „Градски парк’’ во Скопје.

Секоја од екипите имаше добра партија по едно полувреме, Работнички во првото, а Куманово во второто.

Работнички во еден момент од втората четвртина имаше и највисоки 22 поени разлика, а на полувремето замина со предност од 11 поени 44:33. Сепак, кумановци со фантастичната игра во третиот период кој го добија со 26:16, во последните десет минути влегоа со негатива од само еден поен.

Во последната четвртина ниту една од двете екипи не успеа да направи позначителна предност, а победникот беше решев во последните три секунди, откако Бранислав Џекиќ со тројка и својот 11 поени му донесе предност на Куманово од 78:77. Тајмаутот кој го побара Марин Докузовски не донесе резултат по нападот на Работнички, па кумановската екипа на крајот сосема заслужено се радуваше на победа.

Најдобар поединец во победничката екипа, но и на натпреварот, беше репрезентативецот Александар Костовски кој средбата ја заврши со 26 поени (7 тројки), 6 асистенции и 3 скока.
Кај Работнички најефикасни беа ветераните, Ѓорѓи Чековски со 19 и Тодор Гечевски кој постигна 17 поени.

Вториот натпревар ќе се игра веќе во недела во Куманово.

Пласман во финалето ќе обезбеди екипата која прва ќе забележи две победи. Доколку е потребен трет натпревар тој би де играл на 26 мај (вторник) во салата „Градски парк’’ во Скопје.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос