И пред Општина Прилеп засадени палми

Од:

Освен во Охрид, попладнево беа засадени пет од вкупно 10 палми, во паркот на Методија Андонов – Ченто, во Прилеп, покрај општинската зграда на Општина Прилеп.

Поголем број на граѓани на Прилеп љубопитно застануваа пред зградата на Општина Прилеп изненадени од глетката, меѓусебно коментирајќи го новитетот.

-Не можам да се изначудам што гледам. Не знам на кого му требаше ваква глупост? Улиците во градот се раскопани со „кратери“, пешки не се поминува по нив, камоли пак со автомобил. Онде на плоштадот ја туркаат фонтаната за која до пред некој месец се фалеа дека била една од најубавите во државата. Народот живее во страшна сиромаштија а нив ги фатил бесот и се расфрлаат со наши пари. Навистина не знам што повеќе да речам освен да прашам дали некогаш на ова лудило ќе му дојде крајот – ни изјави пензионерот Блаже Стојаноски.

Во обид да дознаеме нешто повеќе за палмите кои утринава пристигнаа во Прилеп, контактиравме со директорот на Јавното претпријатие за урбанистичко и просторно планирање – Бане Нешкоски, кој во одговорот ни посочи дека палмите стигнале во Прилеп како донација на Општината од Министерството за шумарство и водостопанство, во рамките на нивниот проект кој опфаќа засадување по 10 палми во секој град во Македонија.

Останатите пет палми ќе бидат засадени во текот на утрешниот ден.

Извор: Мета

Би можело да ве интересира

Определен e притвор на шест лица за случајот со Прилепската болница

Побаран притвор за шестмина и мерки претпазливост за 15-тина кои се приведени за случајот со Прилепската болница

Денеска во Прилеп гласаат 298 болни и изнемоштени, 60 штитеници и 119 осуденици во прилепскиот затвор

ВМРО-ДПМНЕ: Продановски e вистинскиот избор за градоначалник во Општина Прилеп

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Хаос во Прилеп: Две банди се пресметаа во дворот на болницата

Експресниот пат Прилеп-Градско е затворен за сообраќај