Германија бара Македонија сама да одлучи кој пат сака да го изоди

Од:

Германија и Европската Унија се убедени дека секоја држава треба самата да одлучи со своето население кој пат сака да го изоди. Овој став е цврст темел на нашата политика во однос на земјите од Западен Балкан, пренесе Макфакс.

Ова се вели во соопштението за печат што во петок го издаде германската Амбасада во Скопје, а во врска со изјавите на шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров поврзани со Македонија.

„Вашата земја, како и сите држаави од Западниот Балкан, доброволно се одлучи за пат кон Европската Унија. Во својата неодамнешна изјава македонскиот министер за надворешни работи уште еднаш јасно ја наведе интеграцијата во ЕУ и НАТО како цел на својата држава. Германија и нејзините партнери во ЕУ го признаваат територијалниот интегритет на Вашата земја. Границите на Западниот Балкан се конечно поставени. Шпекулациите за промени на граничните линии се неодговорни и би можеле да претставуваат почеток на нови насилни конфликти“, се вели во соопштението.

Понатаму од германската Амбасада ги повикуваат сите страни во земјата на присебност, за да не се оптоварат односите помеѓу етникумите.

„Сојузната влада го дели неприкосновениот интерес за оддржлива стабилност, слобода, безбедност и просперитет во регионот со граѓаните од државите на Западниот Балкан. Заедно со нашите партнери се залагаме за оваа цел. Сега, во преден план треба да биде решавање на кризата што трае веќе со месеци. За ова е неопходно темелно и транспарентно соочување со содржината на обвинувањата произлезени во рамки на објавените прислушувани телефонски разговори. Освен тоа, потребни се системски реформи за повторно да се стекне довербата во демократските институции на државата. Напорите на ЕУ за посредување ја имаат нашата потполна поддршка“, се вели во соопштението од германската Амбасада.

Би можело да ве интересира

Германско државјанство нема да добијат оние кои објавуваат: „Израел е убиец на деца“

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

Германија: Нема да ги укинеме ограничувањата за употреба на западно оружје со долг дострел

ВИДЕО: Полицајци во Берлин бркаат и приведуваат дете со палестинско знаме, снимката предизвика реакции

Катерина Ѓуровски

Тепачка во трговски центар во Германија, еден ранет, неколкумина повредени

Падна првиот снег

Предраг Петровиќ