(ВИДЕО) ЦИВИЛ: Продолжува голготата на семејството на Мартин Нешковски

Од:

Во експресен судски процес, деветте демонстранти притворени по протестите на 5 мај, добија една затворска и осум условни казни. Откако беа приведени и притворени во крајно нечовечките услови кои владеат во притворот Шутка, демонстрантите го признаа делото за кое се обвинети, без оглед на апсурдноста на целиот процес.

Продолжува голготата на семејството на Мартин Нешковски. Тоа семејство изгуби два члена, а сега уште еден нивни член е казнет со затвор, затоа што ја бара правдата.

Затворска казна од десет месеци доби Горан Митановски, вујкото на Мартин Нешковски, 22-годишното момче кое беше брутално убиено од припадник на специјалните полициски единици, ноќта по изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ во 2011 година. Таткото на Мартин изврши самоубиство речиси една година по смртта на неговиот син. Вујкото на Мартин, на протестите на 5 мај, се обидел да ја заштити својата сестра од насилното однесување на полицијата.

Протестите на 5 мај се случија по објавувањето на снимките од прислушуваните разговори од кои се дознава како највисоките државни претставници се обидуваат да го прикријат убиството. Спонтаните и мирни протести прераснаа во немири на улиците поради насилното однесување на една група која се инфилтрира во редовите на демонстрантите, по што полицијата насилно ги растури демонстрациите и се втурна во безмилосна пресметка со мирните демонстранти, при што уапси повеќе лица. При апсењето, полицијата употреби прекумерна сила, ги тепаше и понижуваше уапсените, иако никој од нив не пружаше отпор.

Сѐ уште има луѓе во притвор или се под истрага по протестите на 5 мај. Спротивно на законските прописи, полицијата сѐ уште не им ги вратила мобилните телефони на приведените на 5 мај.

Ова е уште еден доказ за повеќекратно и грубо кршење на човековите права и на очигледната намера на власта да внесе страв кај граѓаните.

Би можело да ве интересира

Креативна работилница „Обединети против насилството“

Ана Ололовска

ЦИВИЛ предлага 8 март да биде прогласен за неработен ден за сите жени во земјата

ЦИВИЛ повика на засилен мониторинг на изборниот процес

Ана Ололовска

ЦИВИЛ: Не смее да се толерира насилство врз новинарите

Наум Локоски

ЦИВИЛ го застапува правото на глас и го набљудува референдумот

Ана Ололовска

Цивил центар за слободи: Некој ги заплашува граѓаните за референдумот

Наум Локоски