Надал и Ѓоковиќ ќе се сретнат во четвртфиналето на Ролан Гарос

Од:

Дуелот помеѓу Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал е едно од проектираните четвртфиналиња на вториот грен слем во сезоната, Ролан Гарос кој започнува во недела.

Првиот носител, Ѓоковиќ турнирот ќе го започне против финскиот ветеран Јарко Ниеминен, додека бранителот на титулата Надал на стартот за противник ќе го има 304-от тенисер на АТП листата Квентин Халис од Франција.

Вториот носител на турнирот Роџер Федерер во првото коло за противник ќе има квалификант, потоа веројатно го чека дуел со Марсел Гранољес, во третата рунда проектиран противник му е Иво Карловиќ, а во осмина финалето веројатно ќе се соочи со Гаел Монфилс, а во четврт финалето е можен дуел со сонародникот Стен Вавринка.

Енди Мари кој на Ролан Гарос е трет носител и кој сезонава ги освои првите две титули во кариерата на земјана подлога, како и Федерер турнирот ќе го започне против квалификант, а потоа го очекуваат Поспишил или Соуса, а на патото до четвртфиналето и проектираниот дуел со Давид Ферер противници ќе му бидата Ник Кирјос и Џон Изнер.

Проектирани четврт финални двојки на Ролан Гарос:

(1) Новак Ѓоковиќ- (6) Рафаел Надал

(3) Енди Мари – (7) Давид Ферер

(5) Кеи Нишикори – (4) Томаш Бердих

(2) Роџер Федерер – (8) Стен Вавринка.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров