Една затворска и осум условни казни за демонстрантите

Од:

Една затворска казна од 10 месеци и осум условни казни им изрече денеска Основен суд Скопје 1 на деветтемина демонстранти, обвинети за „учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење службено дејствие“, на протестите пред Владата на 5 мај.

Осумте условни казни се изречени за период од една година, време во кое сторителите не смеат да го повторат делото. Во спротивно ќе добијат по тримесечна затворска казна.

Затворската казна од 10 месеци Судот му ја изрече на вујкото на Мартин Нешкоски, момчето убиено за време на изборната прслава во 2011 година.Отежнителна околност за него е што обвинетиот го сторил кривичното дело додека бил на условна казна за исто дело.

Претходно, деветмината демонстранти пред Судот ја признаа вината. Сите деветмина се изјаснија дека се виновни и дека вината ја признаваат без никаков притисок.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Рама во центарот на хаосот во Њујорк: Демонстранти го гаѓаа со јајца и му викаа

Четврти ден протести на плоштадот во Приштина против пресудата во Хаг – најавен е собир во Њујорк пред зградата на ОН

А1он

(ВИДЕО) Протести низ цела Шпанија: Граѓаните бараат решение за кризата во Сеута

Полицијата и демонстрантите се судрија во Тирана

Зеленски: Украинците имаат право да протестираат дури и за време на војна

А1он

ВИДЕО: Општ хаос во Албанија, оклопни возила пред парламентот, полицијата пука со водени топови