Со двата натпревари кои се играат вечер стартува кошаркарскиот плеј оф во Македонија односно борбата за шампионската титула. Првакот МЗТ Скопје Аеродром во првиот натпревар од полуфиналето е домаќин на Фени Индустри.
Екипата од Кавадарци оваа сезона има позитивен биланс со правкот три победи и еден пораз. Тоа им дава и надеж дека можат да стигнат до изненадување.
Во второто полуфинале играат Работнички и Куманово. На четирите натпревари досега одиграни сезонава двата тима имаат по две победи и најверојатно и во полуфиналната серија нијанси ќе решаваат за победниците на натпреварите.
Натпреварот МЗТ Скопје – Фени Индустри се игра во СЦ „Јане Сандански“, а дуелот Работнички – Куманово се игра во салата „Градски парк“.
Почетокот на двата натпревара е во 19 часот. Полуфиналето се игра до две победи.