Меѓународниот телефонски код за Косово ќе биде 383, соопшти косовската министерка за дијалог Едита Тахири по враќањето од Бирсел.
– Меѓу прашањата за кои постигнавме согласност со српската страна е и договорот Косово да добие меѓународен телефонски код 383 од Мешународната телекомуникациска унија. Барањето во име на Косово ќе го поднесе Австрија. Добивањето телефонскиот код за Косово е од исклучително големо значење бидејќи Косово ќе има сопствен код како што има секоја држава, за разлика од сега кога во употреба се неколку кодови, изјави Тахири.
Според весникот „Експрес“, како што јави дописникот на МИА, било договорено операторите од двете земји да соработуваат во сферата на роамингот со цел намалување на цените за граѓаните на двете земји.
Тахири најави и дека Косово ќе се прилучи кон регионалната иницијатива за поевтин роаминг.