Владината делегација предводена од Премиерот Никола Груевски која се враќала од Стразбур принудно слетала во Цирих – пренесе Телма.
„Според првичните информации можам да потврдам дека при враќањето од Стразбур се случил дефект во летот на владиниот авион во кој бил и премиерот Груевски со своите соработници по што авионот принудно слетал во Цирих“, изјави за Телма портпаролот на Владата Александар Ѓорѓиев.
,,Според информациите кои ги имам присутни во авионот велат дека се слушнал гласен и продорен звук по што дошло до пореметување на внатрешниот притисок а пилотот веднаш се обидел да ја намали висината за да се обиде да го намали притисокот и според протоколот за вакви ситуации да го слета авинот на најблискиот аеродром“, изјави Ѓорѓиев.
Тој додаде дека сите патници се добри и дека надлежните служби треба да ги преземат сите процесни дејства за утврдување на фактите.
Премиерот Груевски и сите патници во авионот се чуствуваат добро – изјави за Телма портпаролот на Владата а авионот е на поправка во Нирнберг.